Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Груби: Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
771AE333-1DD3-45AA-923C-4A1545DFBF2F

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 окри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот каде луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.

„Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, порача Груби.

— реклама —

Груби посочи дека денес разговарал со министерот за здравство Венко Филипче и го известил дека на почетокот на месец април, ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот и 200.000 од Кина во наредните денови.

— реклама —

„Со Фајзер сме во постојана комуникација, во процедура сме и со Спутник, има директни контакти, правиме напори да ги обезбедиме што поскоро вакцините. Комуникацијата оди преку Филипче и премиерот Зоран Заев. Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има“, изјави Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања