Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство од шиење долна облека, да врши надзор врз изградбата на коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

28622_vlada.mk_

Ковачевски и Груби се што кажаа во одбрана на криминалниот тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д, се излажаа. А, народот вели, кој лаже тој и краде, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Фактите целосно ги побија нивните невистини.

Груби и Ковачевски уверуваа дека странски експерти ќе го водат надзорот, а се испостави дека македонските контроверзни фирми „Електра Солушн“ на Ампови и „Евро консалтинг“ (на криминалецот баран со потерница Бранимир Димитријевиќ) ќе добијат 70% од мрсниот тендер. Односно од 22 милиони евра „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра.

— реклама —

Власта уверуваше дека компаниите се реномирани, а „Електра Солушн“ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство единствено може да се пофали со шиење на долна облека.

— реклама —

Груби и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградба на автопати во Македонија. Тоа доволно говори само по себе.

Дополнително, наместо мноштво реномираните странски експерти за надзор се сведоа само на 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло. Секоја лага им падна во вода исто како што лажеа за новиот менаџмент на „Ептиса“, па се испостави дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016-та, лажеа за реномето, а се испостави дека за истата влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитријевиќ нема никаква врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се испостави дека компанијата е уште поврзана со него и уште еден тон лаги од оваа власт на Ковачевски и Груби.

— реклама —

Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да бега. Ислам Абази нека не се крие и нека покрене постапка. Ова смрди - корне на корупција и наместен тендер“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања