Промени тема
Контакт

Груби нема капацитет да сфати дека не е омилен помеѓу граѓаните - Додека тој се луксузира, граѓаните тонат во ситомаштија, порача опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

„Артан Груби за жал го покажа правото лице на оваа Влада. Груби со неговите изјави во врска со луксузирањето на денешното гостување на ТВ 24 само и потврди на јавноста зошто не е омилен помеѓу граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Наместо да пројавува симпатии кон оние што ја презентираат неговата фрустрирачка потреба за луксуз и надменост, може на пример да каже зошто при толку многу вработени информатичари ангажира други за ажурирање на веб сајтот за неколку илјадници евра?

Наместо да се обидува да биде интересен колку што не е, Груби може да одговори зошто се даваат 350.000 денари за перење автомобили, кога и самиот кажува дека нема многу возила во министерството? Дали можеби перат возила на трети лица за таа сума?

— реклама —

За крај, навистина жалиме за капацитетот на Артан Груби, кој не му дозволува да сфати дека незначајните за него 1.000, 2.000 или 5.000 евра, се многу значајни за граѓаните, без разлика дали тоа се македонци или албанци, турци или роми.

— реклама —

Тоа веќе го сфатија и албанците и членството на неговата матична ДУИ, па затоа воопшто не им е симпатичен на нив, бидејќи луксузот го чувствува само Артан Груби, а сиромаштијата сите граѓани на Република Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања