„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Груби: Преведував за Хашкиот трибунал и тука нема ништо спорно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grubi

Вицепремиер Артан Груби негира каква било инволвираност во случајот „Жолтата куќа“, напротив тој тврди дека и во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание не се споменува „Жолтата куќа“ и дека тој работел само како преведувач за Хашкиот трибунал.

— реклама —

Сепак, според Груби нема ништо спорно во неговиот ангажман, а неговата работа за тој период била транспарентна.

Со слично објаснување за улогата на Груби вчера излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во интервју за ТВ21 рече дека Груби бил само преведувач и „ништо повеќе“ од тоа.

— реклама —

- Јас не сметам дека тој бил истражител! Секако дека ја познавал материјата бидејќи наивно би било да кажам дека не ја знаел материјата кога работел како преведувач и одреден период работел со луѓе кои ги правеле интервјуата“ изјави Ахмети.

„Жолтата куќа“ за време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА. За ова злосторство против човештвото пишуваше екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти.

Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи се темели токму на извештајот на Марти, а изјава за случајот беше повикан да даде и лидерто на ДУИ, Ахмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања