Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Груби со груби лаги сака да се вади-Неговото министерство исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
grubi

Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој кажа дека министерството кое го управува не исплатило средства на компанијата на неговиот брат, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Народот вели дека тој што лаже, тој и краде.

— реклама —

Ова не е единствена исплата на народни пари на име на ЕТЦ Травел. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби.

— реклама —

Да потсетиме дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот кој го купиле по цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.

— реклама —

Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиони евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба час поскоро да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања