Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Груби со нарачки на портал кој се полни во неговото министерство, го покрива скандалот со дуќанот, купен по багателна цена, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
grubi-4

Порталот индекс.мк преку кој Артан Груби се пресметува со своите неистомисленици, дури и малите пилиња знаат дека е под негова контрола. Овој пара медиум на почетокот беше регистриран на име Артан Груби и е прв сопственик на сајтот, а тоа лесно може секој да го провери, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„На тој начин Артан Груби сака да го покрие скандалот во кој неговиот брат се стекна со деловен простор, по 5 пати пониска цена од реалната. По само 700 евра квадрат, тој стекна имот во најстрогиот центар на градот, кој вреди 5 пати повеќе.

— реклама —

Згора на тоа директорката на бирото за метрологија, која го овозможи сето ова поседува скриен имот хациенда на Попова Шапка, а е позната по тоа што набави комбе од 600 илјади евра, кое не вреди ниту 100 илјади.

Артан Груби, треба да престане да ја замајува јавноста, преку измислени приказни и да одговори, која е причината за ниската цена на дуќанот, кој неговиот брат го купил за 5 пати поевтино од нормалната.

— реклама —

Дали се се работи за плаќање во кеш, за да се избегне потеклото на парите или пак за некое ветување за стекнување на друга корист?

— реклама —

Артан Груби да престане да прави притисок во основното јавно обвинителство да не се отвора случај за овој скандал. Тоа значи дека Груби е исплашен и знае дека ќе одговара. Груби ја има истата матрица како и Димитар Ковачевски. Криминалот на овие луѓе им е основна професија“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања