Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Груби во центарот на нов скандал – сомнителен е тендерот од 2,6 милиони на Лотарија со компанијата со конекции со кланот Зајас“, велат ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


„Ковачевски нека не се прави домазет во својата влада, слика има тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби. Имено Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен.

— реклама —


— реклама —

Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледа дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања