Службеното возило со кое се превезувал првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби било демолирано додека било паркирано на собранискиот паркинг. Од МВР велат дека тоа го направила 38-годишна жена. Груби за „А1он“ вели дека никој не бил повреден, а причините не ги знае. Неофицијално, жената го кршела предното стакло на автомобилот со камен. Полицијата, веднаш откако се случил настанот ја привел жената.
„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 програмата. Ниту јас, ниту некој од мојата придружба не е повреден. Не ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, вели Груби за „А1он“.