Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Груби за сѐ ја обвинува Русија: Вмешана е во упадот на 27 април, етничките конфликти, спорот со Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
WhatsApp-Image-2024-01-23-at-12.34.10

„Низ годините нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија“, рече вицепремиерот Артан Груби и додаде:

„Ова го велам затоа што и за време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова.

— реклама —

Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција.

— реклама —

Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас.

— реклама —

Најголемиот инфраструктурен проект во земјава е Коридорот 8 и 10Д, проект кој со години беше опструиран од Русија, од руски компании.

Имаме руски експоненти насекаде, да го нарушат доброто функционирање на оваа Влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затпа со Европскиот фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со наши напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, подобра држава за сите нас.

Значи, нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

О'Брајан на конференцијата кажа и колку се тие важни за САД и Европа, па зависи од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја, дали сакаме европска Македонија или со руско влијание?!ѝ4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања