Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —

Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба.

— реклама —

— реклама —

Синоќа пред затворот новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми беа во исчекување на Груевски. Официјални информации за тоа дали решението му е доставено немаше, но неофицијално, биле направени три обиди од судските курири во неговиот дом лично да му го достават решението.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес. Решението на Груевски може да му биде врачено в понеделник, кога поранешниот премиер треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Груевски завчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања