Груевски дојде на седницата за измени на Уставот, по две минути таа е паузирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Уште непочната расправата за уставните амандмани попладнево беше паузирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо во 13.00 часот, седницата почна половина час подоцна и не поминаа ниту две минути откако претседавачот и собраниски спикер, Талат Џафери, седна во своето столче, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веќе побара право на процедурален збор.

— реклама —

Пратеникот и координатор, Никола Мицевски, побара од Џафери да обезбеди директен пренос од расправата на Комисијата. Како што рече тој, станува збор за предмето од исклучително значење за кој се заинтересирани сите граѓани.

— реклама —

Џафери го одби ваквото барање и рече дека согласно Деловникот на Собранието, правото за информирање на јавноста е покриено преку присуството на медиумите во салата.

— реклама —

Поради тоа Мицевски побара пауза од еден час, но Џафери дозволи пауза од 30 минути. Седницата ќе продолжи во 14.30 часот.

Во салата денеска присуствуваа премиерот, Зоран Заев, како и екс премиерот, Никола Груевски, кој во Собранието дојде од суд каде присуствуваше на рочиште како обвинет во предметот „Титаник“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања