Груевски досаден, остарен и со лоша глума; Арсовска е пресмешна - Јоци за вчерашните појавувања на Данела и Никола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
j

Политичката аналитичарка, Јорданка Ивановска-Јоци потсетува дека пред пет дека точно ги утврдила чекорите кои ќе ги преземе експремиерот Никола Груевски.

— реклама —

„Уште пред 5 дена пишав дека Н.Груевски ќе почне да дава интервјуа, а провладини портали ќе почнат да му вадат цитати, бидејќи знаев - играта СДСМ/ДУИ/Груевски/ е - веќе разобличена и скроз предвидлива.

— реклама —

И вечерва навистина тоа се случи - се вклучи во подкаст. По 6 години молк, тој се вклучува во етер да ги оцрнува своите сопартијци, и тоа на 7 месеци до избори, на кои ВМРО ќе стартува со 22%, двојно поголем рејтинг од СДСМ. Кој е тој резон по 6 години молк да се вклучуваш во етер и да не соопштуваш ништо државничко, а си бил екс премиер, напротив трошиш муабет за да фрлаш камења по твојата довчерашна партија, која е фаворит на избори наспроти СДСМ?“, напиша Јоци.

— реклама —

Таа додава: „Досаден, остарен, со гримаси кои лесно отчитуваат дека манипулира и лаже, лоша глума, едноставно ги преџвакуваше истите теми кои деновиве ги пишуваше во десет поста. Заврши со нешто од типот - ,,ако партијата мисли да се бави со мене до избори, тука сум". Токму тоа тој го сака и му е задача очигледно - да се бават ВМРО со него, за да отргнува внимание од катастрофалната политика на СДСМ и ДУИ. И да им ја црпи енергијата на вмровци и да внесе магла и смог меѓу членството. Тоа му е намерата - раздор, поделби, а со тоа помош на Таче и Ахмети, за ВМРО да не стаса до 61. Вмровци не смеат да му влезат во оваа свињарија.

„Во истото студио, по него, гостинка е Данела Арсовска, која, запрашана дали со Н.Груевски ќе формираат партија, одговори - ,,можеби да, можеби не". Пресмешна е! Престанав да ја гледам по ова. Таа мисли никој не знае која е играта и колку трае и кој ја води. Она мисли има есап со Груевски и со разни структури и тој ќе им излезе и на пазарот. Туку, се сеќавате како лани во февруари, Данела Арсовска се најде на насловни како осомничена за закани кон извршната директорка на Стопанска комора, палење на нејзината кола?

Сте заборавиле гарант. Пријава немаше, се забошоти, но по еден месец таа се одметна од ВМРО и коалицираше со Стевчо Јакимовски, кој исто се одметна и сега двајцата работат на ситнење на вмровски гласови. Секако, тука е и Груевски. Пресметајте сами што се случува“, додава Јоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања