Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Груевски им покажа заби на Милошоски и Ѓорчев: Многу добро го запознав неговиот карактер и минато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
36730220_10156615781172716_2315088677937610752_n

Експремиерот Никола Груевски им се обрати на сопартијцитњ, меѓу кои Антонијо Милошоски и Марјан Ѓорчев.

“И ќе заборавев…

Марјан Ѓорчев очигледно утрово на радио пренесува негови сеќавања, размислувања, планови и спомени од минатото кога како поранешен потпретседател на партијата, направи негова нова партија и неколку изборни циклуси неуспешно настапуваше со неа на избори.

Кога го напуштија сите, а ние бевме најсилни во 2009 година му пружив рака, стана градоначалник а потоа и амбасадор, вкупно 8 години.

Искрено, очекував дека по доаѓањето на новата власт, а кога пред негови очи и уши се подготвуваше, се преговараше и се потпиша договорот со Бугарија од кој сега произлегуваат крупни проблеми за државата и нацијата, дека ќе биде доблесен, и ќе си поднесе оставка како амбасадор во знак на несогласување со тој договор. Тој сепак си го дослужи мандатот молчејќи и трчајќи покрај Заев, додека Заев го реализираше својот план, за потоа да ни раскажува по медиумите колку не чинел тој договор.

— реклама —

Одкако јас бранејќи национален интерес западнав во проблеми ниту еднаш не ми се јави барем куртуазно, и ако треба и лицемерно, да ме праша како сум, и како ми е.

Благодарам Марјане.

Јака “штикла” си станал во партијата сега! Советник на ИК! Честитки! Само напред! Гази!

— реклама —

ПС. За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам.

Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.

— реклама —

Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.

Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.

Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане”, напиша Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања