Запре гонењето на експремиерот Никола Груевски и поранешни функционери во случајот „Траекторија“, а во кое се гонеа за злоупотреба на службената положба. Апсолутно застаре делото за Груевски, додека за другите обвинети слобода донесоа измените на Кривичниот законик.
Обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше случајот, побара судот да го констатира застарувањето.
Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.
36 предмети кои се во Кривичниот суд ќе бидат засегнати со новиот Кривичен законик. Од нив 21 се предмети на поранешното СЈО.