Промени тема
Контакт

Груевски на црната листа на САД, уште една потврда за големиот степен на криминал во ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски и човек кој се уште управува со ВМРО-ДПМНЕ е ставен на црната листа на Соединетите американски држави, вели СДСМ.

„Груевски, како што објави Стејт Департментот и како што знаат граѓаните, вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, но и присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси.

— реклама —

На оваа црна листа покрај Груевски е и неговиот братучед, Сашо Мијалков.

— реклама —

Ова е уште една силна потврда за размерот на криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, таа криминална и режимска матрица и ден денес е силно присутна во опозициската партија.

— реклама —

Дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на државата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања