Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Груевски откри дали агитирал пратеници да гласат за Бугарите во Устав: Консултирав тројца пријатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
311605037_671454257677175_2755789110950280488_n

Експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер кој избега во Будимпешта, Никола Груевски, вели дека не агитирал пратеници за Бугарите да влезат во Уставот преку нивно гласање. Според него, тоа е шпекулација.

— реклама —

Излагање на Груевски во целост:

Дознав дека еден медиум објавил дека од високо позициониран и неименуван извор од партијата ДУИ дознал дека неодамна пратеник на ДУИ се сретнал во Будимпешта со мене и разговарал за моја подршака за промена на уставот, а за возврат ќе ми бил обезбеден прекин на политичкиот прогон.

— реклама —

Со оваа објава го деменатирам ова бидејќи не се случило. Пред да го извршам демантирањето извршив консултација со тројца мои пријатели околу тоа што тие мислат дека е можната заднина на оваа најнова шпекулација. Првиот ми рече дека тој смета дека со ова СДСМ сакаат да извршат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ во правец дека ако не ги остварат целите во договор со нив, имаат некаква резервна опција со мене за ова прашање. Веднаш да кажам дека немаат.

— реклама —

Вториот ми рече дека тој смета дека некој во ВМРО-ДПМНЕ можеби има ветено подршка за смена на уставот и сега бара кому да ја префрли вината, па се сетиле на мене. Но, на истото првиот ми искоментира дека не е можно тоа, бидејќи така ќе излезе дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема контрола на пратениците кои самиот ги избрал и дека јас од 800 км далечина имам поголемо влијание врз нив, што за него би било погубно и во таков случај неговото место не би било таму каде е, така што таа теза не би можело да е од него бидејќи е контрапродуктивна за него.

Третиот ми рече дека тој смета дека некои медиуми имаат проблем со читаноста и имаат потреба да измислат атрактивни теми за читателите заради поголема читаност а со тоа и поголема заработка.

— реклама —

Затоа решив понатаму да не се занимавам со анализа на заднината, туку едноставно да посочам дека оваа информација е лага, како што и пишав во точка 5 од мојот Фејсбук статус од 3. Ноември чии линк е во прилог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања