„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Груевски: Тешко е, но нашата борба за македонската кауза треба да продолжи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gruevski_1904_g111_3-640x437

Никола Груевски на својот Facebook профил објави нова порака. Тој вели дека нема откажување. Само промена на парадигмата. И нова доктрина за доаѓање до целта!

— реклама —

„Премногу крв е пролеано, премногу жртви се дадени во минатото, за така лесно македонскиот народ и граѓаните на Македонија се предадат и откажат од она кое на сила ни е одземено во овој период, да ги прифатат неправдите како реалност или направената штета како непоправлива. Тешко е, но нашата борба за македонскат кауза треба да продолжи. Немаме друг избор, ниту резервна држава ниту пак право да заборавиме дека до оваа слобода и држава со многу крв и жртви е дојдено. Нам ни е оставен полесниот дел. Да го задржиме тоа и да ја продолжиме борбата за затворање на 140 годишната борба за македонското прашање.

— реклама —

Без никому ништо да му наштетеме или одземеме.

Имаме новонастаната ситуација. Потребна е нова парадигма и доктрина. Целите остануваат.

И како што стои во трејлерот за една македонска серија која за жал марионетската власт не дозволи да биде рализирана: Македонија е љубовна приказна...

А во љубовта, среќата и болката одат заедно.

Да живее Македонија!!!“, напиша Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања