Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Груевски за новата партија: ја основа ли, поврзаноста со Данела, детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_5298

“Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумитеи немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата.

— реклама —

Ова е демант на објавите на некои портали од кој видливо е дека имаат намера да направат конструкција очигледно излезена од една партиска кујна”, пишува експремиерот Никола Груевски.

Таа додава:

— реклама —

”Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете од мојата седма до некаде околу петнаесет годишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, и во неколку други случајни или спортски настани.

— реклама —

Со Данела Арсовска како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво.

Воедно ја користам приликата да демантирам дека во Будмпешта сум се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски. Артан Груби последен пат го сретнав во штабот ма ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски кој мислам дека е еден од неколкумина кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал.

— реклама —

На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања