Груевски за „ТНТ“: Ме судат без докази, а не постои ниту снимка дека сум поттикнувал рушење на „Космос“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
36730220_10156615781172716_2315088677937610752_n

Експремиерот и бегалец Никола Груевски, додека се носеше пресудата за случајот „ТНТ“ објави статус во кој смета дека ќе биде осуден, иако е невин. Тој порача: Не е важно кој со кого и што разговарал или не разговарал по телефон или приватно, доколку државата и општината го почитувала и постапила согласно законот и доколку е остранет објект кој бил граден спротивно на градежната дозвола а со тоа и спротивно на Законот, што е така во овој случај. И што пред и по рушењето го потврдиле и судовите“.

— реклама —

Во остатокот додава:

— реклама —

“Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за не срушено а што требало да се сруши”. Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија, на кое експресно самиот си одговори, за да заврши со зборовите: “Злобата во Македонија расте и допрва ќе расте. Помирувањето е веќе мисловна именка”.

— реклама —

Зборовите на градоначалникот со чии дел од разговор го започнав овој текст беа кажани по завршните зборови на судскиот процес “ТНТ” кој се однесува на срушена свесно изградена дивоградба на раскалашен пратеник кој мислел дека преку функцијата се може да направи и секаков закон може да изигра.

Ако не сте го прочитале недовршениот роман на Франц Кафка – “Процес” напишан пред околу 100 години, кој е еден вид алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Главниот лик Јозеф К. е под судски прогон, покренат е судски процес против него и низ целиот тек на романот не е јасно зошто е обвинет, односно обвинет е за непостоечка вина. Овој судски процес и голготата низ која поминува главникот лик на моменти потсетува на пеколот на Данте Алигиери, најмногу поради мрачната атмосфера и психичката тортура на која тој е изложен. Тој самиот незнае зошто е осомничен, ниту пред кого треба да ја докаже својата невиност. Процесот си тече со компјутерска прецизност, без оглед на напорите на Јозеф К. тој да биде свртен во негова полза. Скриената порака на сите разговори е дека без оглед на невиноста на обвинетиот, судската бирократија поседува моќ да ги остарни сите оние кои се противат на веќе утврдената хиреархија. Преку овој алегоричен роман, Кафка го искажал и ставот со кој сметал дека тогашните судови биле премногу исполитизирани за да му овозможат на поединецот да се брани. Преку карактерот на Јозеф К., меѓу другото се согледува дека луѓето спротивно на своето достоинство понекогаш им се додворуваат на властите како би ја придобиле нивната наклоност, како што и денес некои неправедно прогонети лица, по долга психичка тортура, доведени во агонија и очај признаваат вина која ја немаат за да поминат со полесни казни.

Делото на Кафка, кое неколку пати е и филмувано, со тек на време станало синоним за апсурдни ситуации во кои човек некогаш се наоѓа без своја вина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1q1q1q1

Девет години затвор за Груевски, три за Јанакиески, Трајковски доби четири години

Македонија | пред 3 години

1q1q1q1

„ТНТ“ застарел? Рустеми бара казни, Јанакиески му контрира: Со пресуда за урнат нелегален објект, му ги полните џебовите на Фијат

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања