Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Група професори ја пријавија ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова: тврдат дека прави штета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
biljana-angelova-750x430-1

Група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје достави пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова.

— реклама —

„Повеќегодишното неетичко и незаконско постапување на ректорот Биљана Ангелова има создадено простор за злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на репутацијата, интегритетот и работењето на најстариот државен Универзитет“ – се наведува во пријавата.

Поднесувачите потсетуваат дека со Законот е регулирано дека избрано или именувано лице не може да врши функција на член на управен одбор или на друг орган на управување во трговско друштво или друго правно лице што се занимава со дејност со која се остварува профит.

— реклама —

И покрај тоа Ангелова е член на управен одбор на приватна компанија во јавноста позната по брендот „Винчини“ и член на Надзорен одбор (орган на управување) на ХАЛК БАНКА АД Скопје.

— реклама —

„Она што за академската заедница е особено страшно е што Биљана Ангелова, од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии. Меѓу другото, Ангелова е обучувач на „Прогресив академија“ која е регистрирана како фондација, формирана од МАКПРОГРЕС ДОО Виница, во чиј Управен одбор членува лицето Ангелова. Според јавно достапните податоци, надоместот за упис на оваа приватна т.н. академија изнесува 1.900 евра. Евидентно е и заобколување на Законот за високо образование.

Кај нас постои стравување од користењето на контактите и здружувањето за приватни и бизнис интереси како карактеристика на лицето Биљана Ангелова, што можат да се одразат или веќе се одразуваат на нашиот Универзитет.

— реклама —

Истовремено, јавно ги повикуваме и сите други надлежни институции во државата да ги имаат предвид наводите во Пријавата на кои укажуваме и да постапат во рамките на своите надлежности за да се заштити Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – велат подносителите на пријавата кои во соопштението за јавноста не се потпишани со име и презиме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања