Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГТЦ ќе добие панорамски лифт кој чини над 95 илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gtc

Вкупно 5.874.040 денари или 95.512 евра ќе чини панормскиот лифт кој ќе води до зелениот покрив во Градскиот трговски центар. Акционерското друштво склучи договор со фирмата „Сезал“ за набавка и монтажа на панорамски лифт, кој беше најавен во рамки на проектот за зазелување на покривот на овој објект, пренесува Фокус.

— реклама —

Според договорот на ГТЦ со фирмата лифтот ќе биде со четири станици, носивост од 1000 кг и стаклен од три страни.

— реклама —

Инаку, проектот за зазеленување ќе го опфати покривот на ГТЦ кој гледа кон Плоштад Македонија. Предвидено е да бидат зазеленети 1.800 квадратни метри така што ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови други садници. Меѓу другото се предвидува поставување на фонтани, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, клупи и паркинзи за велосипеди.

— реклама —

Изградбата на зелениот покрив ќе чини околу половина милион евра. Инаку, покривот на ГТЦ е една од најтоплите точки во градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања