Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на состанок со директорот на Одделот за Европа во ММФ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) обезбеди значајна поддршка преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, а и натаму во рамки на можностите ќе дава поддршка за што посоодветно да се одговори на предизвиците и што побрзо да дојде до опоравување на македонската економија. Економските фундаменти се здрави, а преземените мерки се соодветни и ќе придонесат економијата да се справи со шокот од пандемијата на ковид-19.

— реклама —

Ова се дел од пораките од состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, со директорот за Одделот за Европа во ММФ, Пол Томсен, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат електронски.

— реклама —

Како што беше истакнато на состанокот, состојбата со коронавирусот, оваа година ќе резултира со пад на активноста на сите економии во глобални рамки. Тоа веќе јасно го покажуваат и проекциите на ММФ. Но падот на македонската економија и воопшто на економиите во развој ќе биде помал во споредба со она што се очекува кај развиените економии. Ако во глобални рамки, корона-кризата стивне до средината на годинава, веќе следната година ќе има опоравување на македонската економија и забрзување на нејзиниот раст.

          Во текот на вчерашниот ден, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Ангеловска, учествуваа и на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светската банка во којашто членува нашата земја. Дискусијата беше фокусирана на предизвиците со коишто се соочуваат земјите од Конституенцата, при што посебен акцент беше ставен на нашиот регион.

ММФ и во следниот период ќе ги следи случувањата во македонската економија и ќе биде во постојана комуникација со Народната банка и Министерството за финансии.

 фото: Народна банка 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања