„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
anita_bezoska

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Овој форум е еден од водечките настани од областа на финансиите на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на финансиски институции и инвеститори. Традиционално, во дискусиите и анализите на учесниците, вниманието е насочено кон најважните прашања за пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

— реклама —

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде еден од четирите говорници на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки, дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа и изгледите за економскиот раст во регионот. Истовремено, високите претставници на повеќе централни банки ќе говорат и за регионалната инфлација и перспективите на девизниот пазар, за импликациите од структурните промени на платните системи, како и за улогата на банките во монетарната политика. Во програмата на Форумот е предвидено оваа панел-дискусија да следи по воведното обраќање на гувернерот на Австриската централна банка и член на Советот на гувернери на Европската централна банка, д-р Евалд Новотни.

Во рамки на Форумот ќе се дискутира и за други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што внимание ќе им биде посветено и на иновациите во банкарството и на прашањата сврзани со иднината на банкарските системи. Одделно ќе се говори и за актуелните состојби на релација пазари на капитал – корпорации – банкарски систем, влијанието на нефункционалните кредити во регионални и глобални рамки и програмите за одржување на стабилноста на регионалните банкарски системи. Според програмата, на Форумот ќе бидат опфатени и прашања за економскиот раст во ЦИЕ и одговорот на монетарната политика, можните влијанија на глобалните трговски војни, новите пазари во Европа и актуелните состојби со пазарите на капитал во ЦИЕ и развојот на пазарот на зелени обврзници. Гувернерката на НБРМ активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања.

— реклама —

Овој традиционален форум на „Еуромани“, поради вонсериски големиот број учесници важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставници на институциите носители на политики, така и на претставници на банкарскиот сектор, учесници на финансиските пазари и на инвеститори. Во рамки на своето учество, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе оствари повеќе работни состаноци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања