Голем дел од граѓаните за продолжениот викенд се упатиле кон Грција. Од утринава
колони возила пред граничниот премин ,,Богородица”.
Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.