Промени тема
Контакт

Гвардиола: 19 трофеи за 10 години не е малку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryj8r59da55tkgfBzut9P
wikimedia commons

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со самодоверба го најави финалето на ФА Купот против Челси, кое денеска од 16 часот се игра на „Вембли“.

Шпанскиот стратег беше запрашан дали може да ја прекине серијата порази во последните две финалиња на ФА Купот, по што одговори во свој стил.

— реклама —

„19 трофеи за 10 години во Сити не се лоши. Не мора да чекаат да си заминам за да знаат дека им беше забавно со мене... Беше забавно! А сега се борам за 20. трофеј со Сити. Не е лошо“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити третпат по ред игра финале на ФА Купот, а претходните две ги загуби од Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Гвардиола сезонава веќе го освои Лига купот, а неговиот тим и натаму е во трка за титулата во Премиер лигата. На две кола до крајот, Арсенал има два бода предност пред Сити.

— реклама —

Доколку ги освои Премиер лигата и ФА Купот, Манчестер Сити би можел да стигне и до двојна круна оваа сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library059pdkkjlhot26n0JsH

Манчестер Сити тргнува по Енцо Фернандез: Почнати преговори со Челси

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања