Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Гвардиола: Ако освоиме трофеј нема да можеме да славиме – таков е денешниот фудбал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library2kl2plurv2a982GSohx

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го најави финалето на ФА Купот, но истовремено призна дека фокусот веќе е насочен кон завршната борба во шампионската трка во Премиер лигата.

— реклама —

Гвардиола се пожали на густиот распоред, според кој „граѓаните“ нема да имаат време ниту да го прослават евентуалниот трофеј во финалето на ФА Купот против Челси, туку веднаш ќе мора да се подготвуваат за следните натпревари.

— реклама —

Сити денеска од 16:00 часот ќе игра против Челси, а веќе три дена подоцна ќе гостува кај Борнмут во натпревар кој мора да го добие за да остане во трката со Арсенал.

„На крајот од сезоната, заморот секогаш е присутен – и ментален и физички. Многу. Имавме три дена одмор, сега повторно три, а по натпреварот, без разлика дали ќе победиме или ќе изгубиме, главна цел ќе биде брзо да се истушираме, да се вратиме во Манчестер и да одспиеме, бидејќи летаме за Борнмут во понеделник“, изјави Гвардиола.

— реклама —

Тој истакна дека нема да има време за славење, дури и ако се освои трофејот.

— реклама —

„Таков е распоредот. Замислете, дури и ако победиме, нема да можеме да славиме. Мора веднаш да се вратиме дома и да се подготвиме за следниот натпревар. За жал, тоа е реалноста во модерниот фудбал, но така е“, додаде шпанскиот стратег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања