Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Хакер нападна белградска фабрика за оружје: Тврди дека украл доверливи документи и бара 70.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Балкан
haker-724x406

Белградската компанија „ЕДеПро“, производител на ракетни мотори и ракетни системи, била цел на хакерски напад во кој, според тврдењата на напаѓачот, биле украдени голем број доверливи документи и податоци. За нивното враќање и предавање, хакерот бара откуп од 70.000 евра, објави телевизијата „Н1“.

— реклама —

Меѓу наводно украдените материјали се технички цртежи и инженерски спецификации за оружје, резултати од тестирања, електрични шеми и планови за идни проекти. Компромитирани биле и деловна преписка, финансиски документи, договори за доверливост, лозинки и лични документи на вработените, како и материјали на раководството.

— реклама —

Напаѓачот тврди дека добил пристап до целата компјутерска мрежа на компанијата, вклучително и до серверите со резервни копии. Освен откупот за украдените податоци, бара и пари за предавање на администраторскиот пристап.

„Н1“ побарала одговор од компанијата, но до објавувањето на информацијата не добила реакција.

— реклама —

„ЕДеПро“ и претходно беше во центарот на вниманието поради несреќи во производствените погони. Во експлозија во 2023 година беа повредени двајца работници, додека во несреќата во 2021 година загинаа тројца, а 16 беа повредени.

— реклама —

Компанијата се споменуваше и за време на судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во областа Нагорно-Карабах. Тогаш азербејџанските медиуми објавија фотографии од ракети за кои тврдеа дека биле произведени во белградската фабрика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Новиот претседател на српскиот парламент Чупиќ нема да оди во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 2 дена

media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања