Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хрватска испраќа два канадера во БиХ за гаснење на пожарот кај Јабланица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
61382580-pozar

Хрватска испраќа два канадера во Босна и Херцеговина за помош во гаснењето на пожарот што и понатаму се шири на планината Чврсница, во близина на Јабланица. Одлуката за испраќање на авионите ја одобри хрватската Влада на денешната телефонска седница.

— реклама —

Во акцијата ќе учествуваат два авиона „Канадер CL-415“ на Хрватското воено воздухопловство, со две екипажи од припадници на хрватските вооружени сили. Одобрено е и нивното преминување на хрватската граница со цел обезбедување хуманитарна помош за БиХ.

— реклама —

Помошта од Хрватска била побарана поради пожарот на планината Чврсница, на локалитетот Развале, на надморска височина од околу 1.890 метри. Пожарот и денес е активен, а поради исклучително непристапниот терен во моментов не може да се гасне со копнени сили, соопшти Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Во гаснењето се ангажирани расположливите пожарникарски сили од Јабланица и од соседните градови и општини. Од воздух веќе дејствувале авионот „Ер трактор“ и хеликоптерот на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

— реклама —

Според податоците што ги пренесува Н1 БиХ, „Ер тракторот“ извршил десет налети, а хеликоптерот 17. Бидејќи пожарот продолжува да се шири, побарана е меѓународна помош и ангажирање на два канадера од Хрватска.

— реклама —

Хрватските канадери и на почетокот на септември помагаа во гаснењето големи пожари во БиХ. Тогаш двата авиона дејствувале во подрачјето на Прозор-Рама, каде што заедно со пожарникарите успеале да го запрат ширењето на огнот кон населените места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 3 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 4 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања