Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Хрватски државјанин исчезнат при потонување на нафтена платформа кај Габон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryc4v114td0hrs3fhkgNk

Хрватски државјанин е меѓу петте исчезнати лица по потонувањето на нафтена платформа во водите на Габон, соопшти хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

— реклама —

Платформата на компанијата „Бор Дрилинг“ ја изгубила стабилноста и потонала во саботата навечер. Во моментот на несреќата на неа имало 115 вработени, од кои 110 биле спасени. По останатите пет лица сè уште се трага.

— реклама —

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека амбасадата на Хрватска во Мароко, надлежна и за Габон, е во контакт со тамошните надлежни институции и ги презема потребните дипломатско-конзуларни активности за утврдување на околностите.

— реклама —

Министерството и амбасадата во Рабат се во контакт и со семејството на исчезнатиот хрватски државјанин, а продолжуваат да ја следат потрагата и развојот на ситуацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања