Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

И 16-годишниот Артур кој славел роденден, меѓу загинатите во Кран-Монтана: Нашиот Артур сега е во рајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarygmolt7qn46phenU0TRR

Во новогодишната ноќ, барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана стана сцена на една од најтешките трагедии во поновата историја на Швајцарија. Во разорниот пожар животот го загубија најмалку 40 лица, додека 119 се повредени. Според првичните сознанија, трагедијата најверојатно била предизвикана од пиротехнички прскалки користени во шишиња шампањ за време на новогодишната прослава, на која присуствувале претежно млади луѓе, меѓу нив и малолетници.

— реклама —

Додека истрагата е во тек, општината Кран-Монтана поднесе граѓанска тужба, а јавноста остана длабоко потресена од размерите на катастрофата, пренесува швајцарскиот портал Blick.

Меѓу жртвите има и голем број млади лица. По повеќедневна неизвесност, потврдена е смртта на 16-годишниот Артур. Неговата мајка, Летиција Бродар-Ситр, со денови преку социјалните мрежи очајно трагаше по својот син. „Нашиот Артур сега е во рајот“, порача таа во потресно видео за француската телевизија BFMTV.

— реклама —

Артур во новогодишната ноќ ѝ испратил порака на мајка си веднаш по полноќ: „Среќна Нова година, мамо, те сакам“. По таа порака, му се губи секоја трага. Во барот требало да го прослави својот 17. роденден, откако неколку дена претходно резервирал голема маса со пријателите.

„Планираше да ја помине новогодишната ноќ во ‘Ле Констелацион’“, изјави неговата мајка за Reuters.

Во обид да го пронајдат, таа се вратила во Лозана за да провери дали Артур се наоѓа во некоја од болниците, додека неговиот татко го сторил истото во Берн, но безуспешно.

„Живеев вистински кошмар. Или ќе го најдам синот во мртовечница или во критична состојба. Тоа е ужасно“, изјави таа, додавајќи дека некои од пријателите на Артур биле пронајдени со изгореници на речиси половина од телото.

„Тие поминаа низ пекол“, рече таа.

Во очаен апел за помош, мајката ја објави и фотографијата на Артур на Фејсбук, наведувајќи дека тој е една од жртвите на пожарот и дека семејството нема информации каде се наоѓа. Подоцна беше потврдено дека младиот Артур е меѓу загинатите.

Меѓу идентификуваните жртви е и 18-годишниот боксер Бенжамен Ж., член на клубот „Лозаноа де Бокс“. Од него се прости SwissBoxing, наведувајќи дека станувало збор за перспективен спортист кој го загубил животот обидувајќи се да спаси блиска пријателка.

До синоќа биле идентификувани осум загинати лица, меѓу кои две Швајцарки на возраст од 24 и 22 години, како и двајца Швајцарци на 21 и 18 години, како и Македонецот Стив Ивановски.

Државното обвинителство на кантонот Вале покрена кривична постапка против сопствениците на барот, брачниот пар Џесика и Жак Морети. Тие биле сослушани, но засега се бранат од слобода. Главната обвинителка Беатрис Пилу истакна дека како можна причина за пожарот и понатаму се разгледуваат пиротехничките прскалки, додека истрагата е насочена кон целосна идентификација на жртвите и утврдување на одговорноста.

Општинскиот совет на Кран-Монтана едногласно одлучи да поднесе граѓанска тужба и на правосудните органи да им ја предаде целокупната расположлива документација. Претседателот на општината, Никола Феро, нагласи дека локалната власт безрезервно стои зад жртвите и нивните семејства и целосно ќе соработува со истражните органи.

Местото на трагедијата го посети и швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој изјави дека како татко може само делумно да ја разбере болката на погодените семејства, најавувајќи темелна истрага и утврдување одговорност.

Федералната влада, во координација со црквите, најави национален ден на жалост во петок, 9 јануари. Во 14 часот низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а ќе биде одржана и минута молк. Во меѓувреме, низ Швајцарија се одржуваат комеморации за жртвите, додека тагата и шокот сè уште силно се чувствуваат меѓу граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library872p0nnkae8656kuja5

Швајцарија ќе исплати отштета на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана

Свет | пред 5 дена

media-libraryn0qojsto6r1e79CSBgB

Како се справи Македонија со трагедијата во Кочани, а како Швајцарија со Кран Монтана – Здружението „16 март 2025“ со споредба: човечност што лечи vs. молк што боли

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya1uacrht0aqp4WALTxY

Преживеана во трагедијата во Кран-Монтана: „Инстинктот за преживување ме изнесе надвор“

Свет | пред 1 месец

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Дипломатска тензја меѓу Италија и Швајцарија поради ослободувањето на сопственикот на барот со кауција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања