Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

И Бугарското обвинителство ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска Глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

— реклама —

Како што објави  бугарската агенција  Бгнес , сослушани ќе бидат претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, а ќе се побараат и информации од спроведените експертизи.

— реклама —

Инаку во авионската несреќа загина четиричлено семејство, државјани на Бугарија, кога авионот „пајпер 210“, управуван од мажот, од засега неутврдени причини, се урна на еден од планинските венци кај Солунска Глава, на надморска височина од 2.200 метри.  Загинаа  Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972).

— реклама —

Според првичните информации, причина за падот на авионот биле лошите метеоролошки услови и силната турбуленција.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања