Промени тема
Контакт

И четвртиот загинат е 20-годишно момче: камионот пробил банкини, удрил во автомобилот по што се запалиле двете возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryml6bckcb39utfOYVQJ2

Завршена е идентификацијата и на последното загинато лице во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков.

Според досегашните информации, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.

Според очевидци и информациите од терен, камионот пробил две банкини, откорнал и улично осветлување, а потоа завршил во провалија. Иако кабината на камионот целосно изгорела, возачот успеал да излезе и да се спаси.

— реклама —

„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле“, соопшти МВР.

На местото на несреќата смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош, а телата на загинатите се дадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.

— реклама —

Возачот на камионот е лишен од слобода и се наоѓа во полициска станица. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истрагата треба да утврди како дошло до губење на контролата врз камионот и причините за трагедијата која однесе четири животи.

— реклама —
media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

(Видео) Четири лица загинаа во хорор-судир на скопската обиколница, камион пробил ограда и се запалил

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, откако камион со косовски таблички преминал во спротивната насока и директно се судрил со автомобил „БМВ“.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ велат дека несреќата била пријавена на 21 мај 2026 година околу 23 часот.„Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил

Настани | пред 4 месеци

media-librarybdnkm09h5r46fKW8b3K

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во трагедијата на скопската обиколница

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува.Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира директно во нив, без кочење, по возилото „БМВ“ се пали,

Македонија | пред 4 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7l29863dnki9JZy7Su

Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола е Ивана Недановска – гимназијата се прости од својата ученичка

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7f5dqmhpk4698N168Wk

Трагедија на автопатот Куманово – Скопје: Загинаа две лица, уапсен возачот на „мерцедесот“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryp97oj2afr9kgbqPIFop

„Михаел ќе остане засекогаш дел од нашето училишно семејство“ – училиштето се прости од 18-годишникот загинат кај Илинден

Македонија | пред 1 седмица

soobrakajka-634

Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања