Продолжуваат протестите против францускиот предлог за решавање на спортот со Бугарија и за почеток на преговори со Европската унија.
„Ултиматум – НЕ благодарам“ повика на „мирен и достоинствен“ протест кој ќе почне пред Владата па преку МНР ќе заврши пред Собранието.
– Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено се вели во повикот.
Вчера на четвртиот ден од протестите ситуацијата ескалираше, a по индицентот МВР соопшти дека се повредени 47 полицајци, двајца потешко, приведени се 11 лица.