Штипското обвинителство одлучи да не гони никој од лекарите во болницата во Штип кои лани летово му пишале наод на Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, по што Спасов избега надвор од државата. По барање на обвинителството, Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ извршиле стручен надзор врз медицинската документација во Штип и утврдиле дека нема пропусти и Спасов навистина имал уролошки проблеми, објави telma.com.mk.
Во подготвувањето на документацијата, свое лекарско видување за Спасов доставил и негов близок роднина. Според медицинската документација, осудениот за убиството на Нешковски, го одолжил враќањето во затвор затоа што лекарите сметале дека поради здравствените проблеми и хируршката интервенција не може да се движи по што судот му издал дополнителни три месеци на слобода.
Иако Спасов имал задолжение преклани во септември да се јави во судот со нова документација за да се провери неговата здравствена состојба, тој не се пријавил во судот. Но, наместо да се врати во затвор, од лекарите прогласен за „тешко подвижен“ Спасов избегал во непознат период и во февруари оваа година е пронајден во Бугарија по што во понеделник е есктрадиран назад во татковината да дослужи преостанатиот дел од затворската казна (околу половина од 14 пресудени години).
Текстот во целост на: telma.com.mk.