Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

И годинава манупулации со исплатата на К -15, наместо 10 100 ден, на работници им исплатиле по 100 ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
k15

— реклама —

Три угостителски објекти, четири супер маркети, три градежни фирми и триесетина текстилни конфекции се на списокот на невладината „Гласен Текстилец“-Штип, бидејќи на работниците не им исплатиле К-15. 

— реклама —

Според невладината „Гласен Текстилец“-Штип, на сметките на вработените од овие фирми до крајниот законски рок биле пуштение од 100 до 6.000 денари наместо максималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип вели дека пријавите од текстилните работници пристигнуваат за конфекции од Крива Паланка, Штип, Делчево, Ресен, Пробиштип и Кочани.

-Досега сознанијата се дека две воопшто немаат исплатено регрес за годишен одмор, а дел исплатија во деновите по Нова година. Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари. Останатите исплати се  1.000, 3.000, 3.500, 5.000 и 6.000 денари. Една штипска конфекција исплатила 4.000 денари во некакви бонови за пазарување од еден супер маркет, не знаеме какви се тие бонови еве тоа што го слушавме сега се случува, вели Ампева.

Таа побара од Управата за јавни приходи да кажат што значи загуба, кога една фирма ќе пријави, затоа што работодавците на овој начин се самоослободуваат да не исплатат К15..

Ампева вели дека доколку на УЈП им се потребни информации, претставниците на Гласен Текстилец се понудија да им ги дадат, бидејќи дел од фирмите пријавуваат загуба, а истовреме користат и еден куп мерки од државата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања