„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

И годинава во Охрид, ден пред Божик традиционална Бадникова поворка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
badnik

Традиционално и годинава во Охрид, на празникот Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ  ќе се одржи Бадниковата поворка со која се најавува христовото раѓање.

— реклама —

Во понеделник во 11 часот од црквата „Св. Георги“ во „Горна Влашка Мала“ над  700 деца ќе ја започнат Бадниковата поворка. Пеејќи ја возобновената старо христијанска песна „Вечниот Бог“ тие ќе се движат по улиците  „Јане Сандански“  и  „Туристичка“  и низ  охридската чаршија . Околу пладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај божиќната пештера, децата  ќе ги пречека градоначалникот Константин Георгиевски  кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња.

Бадниковата поворка во Охрид која се одржува седма година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е  поддржана од локалната самоуправа.

— реклама —

Втора година по ред Бадникова поворка  ќе се одржи и во село Велгошти. Дечињата во  10 часот ќе тргнат од црквата Св. Димитрија, а околу 11:15 часот ќе стигнат во црквата Мал Св. Климент каде ќе ги пречека градоначалникот Георгиески кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња. Во рамки на прославите со кои се најавува христовото раѓање е предвидена културно уметничка програма  со божиќни песни.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања