Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

И малолетник меѓу осумтемина што возеле без дозвола, приведени вкупно 12 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylvack7o1p1soembBNEc
ФБ / МВР

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторно возило. Осуммина возеле без возачка дозвола, додека кај четворица бил утврдено присуство на алкохол во крвта.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицата се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Меѓу возачите кои управувале возило без возачка дозвола се четворица скопјани на возраст од 23, 27, 31 и 29 години, 19-годишник од Дебар, 53-годишник од Гостивар, 30-годишник од селото Порој и 17-годишен малолетник од селото Здуње.

— реклама —

Четворица возачи биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол. Највисока концентрација била измерена кај 36-годишен битолчанец, кај кого биле утврдени 1,93 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Кај 46-годишен жител на Струмица биле измерени 1,84 промили, кај 36-годишен жител на селото Амзабегово, светиниколско, 1,54 промили, додека кај 22-годишен жител на Радовиш биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат активна забрана за управување со моторно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 4 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 5 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања