Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

И новинарите јадат тука, цените се ниски оти работиме одговорно, се правда СОЗР за џ’блк јадењето ресторанот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Vlada-hrana

По вчерашната констатација на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, дека има смрзнати цени во владините бифеа наместо во продавниците, денес со соопштение се јавија од СОЗР.

— реклама —

Во соопштенитето се вели дека со вакви мени не се хранат само функционерите, туку и сите вработени во службите и новинарите, а тоа што кај нив е далеку поевтино, за разлика од комерцјалните објекти е резултат на недомакинско работење.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

— реклама —

Ја информираме јавноста дека во бифето од ресторанот се опслужуваат 250 вработени во Владата покрај функционерите, а во Собранието бифето го користат сите пратеници, вработени во службите, како и медиумските работници кои се на извршување на работни задачи во законодавниот дом. Тоа значи дека цените во рестораните на државните институции, не важат само за функционерите, туку и за пратениците, службите, сите вработени итн.

— реклама —

Службата работи на принцип на рамковни годишни набавки и маржа од 15% со одлука на Влада, и притоа е месечен даночен обврзник, што резултира со конкретни цени кои секако се различни и пониски од оние кои се во комерцијалните ресторани.

Прашањето на разликата во цените во ресторани кои ги опслужуваат државните институции и цените во комерцијалните ресторани кои ги плаќаат граѓаните не е прашање на привилегија, туку е прашање на одговорно работење и практики кои ги употребува Службата преку кои што се држат трошоците на институциите под контрола. Во оваа насока, посочуваме дека за разлика од енормните трошоци и милионските суми кои ги трошеше Владата на ВМРО – ДПМНЕ во овој сегмент, сега преку овие воведени практики на одговорно работење, се сведени на минимум. Сите државни институции трошат разумно и своите потреби ги задоволуваат во рамки на државните ресторани што во крајна линија значи заштеда и одговорно менаџирање на буџетските средства.

— реклама —

Службата апелира во иднина да не се шираат лажни информации кои ја вознемируваат јавноста. Нашата институција е секогаш отворена за соработка со креаторите на јавно мислење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања