И по три дена потрага, нема трага од исчезнатиот Спасе Димовски, семејството бара помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
117444459_10157543646592544_4567468582381292701_n

Трет ден како роднините и пријателите го бараа исчезнатиот Спасе Димовски (51) од Велес во тешко достапниот терен на селото Белештевица.  Димовски според информацијата од МВР исчезна на 6 август во 14.47 часот во село Белештевица, велешко, на место викано Лавчани, од надојдената вода на локалната река, објави СДК.МК. 

— реклама —

„Вчерашното невреме во целост го измени теренот. Ништо не е како што беше претходно. Поројницата Белештевичка река, синоќа повторно направила пустош, однела дури и дрвја. Во вакви услови, иако бевме повеќе луѓе, не можевме да го пребаруваме теренот“, вели Лефко Димовски, брат на исчезнатиот Спасе.

Семејството и блиските на Спасе се разочарани пред сè од односот нa ЕВН, кои како што велат роднините, ги немало никаде да се јавеле и прашале за помош.

— реклама —

Тој се сомнева дека телото на брат му може да е стигнато и до реката Вардар и затоа ги замолува риболовците, земјоделците кои имаат површини покрај реката ако видат нешто сомнително да ги информираат.

Т ексто во целост на: СДК.МК. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања