Осумстотини евра - тоа е цената којашто македонските државјани ја плаќаат за да добијат бугарски документи. Цената, пак, којашто ја плаќа државата е - ненадоместлива.
„Посредуваме за добивање на бугарско државјанство, јавете се и се' ќе ви објасниме телефонски во официјалната канцеларија во Струмица“, ова е еден од огласите на социјалните мрежи, но и на сајтовите за огласување, агенции и поединци им нудат на македонските државјани успешно вадење на бугарски документи.
„Бизнисот“ со бугарските државјанства, кој е особено актуелен изминативе десетина години, не мирува ниту деновиве, кога стануваат се' пожестоки препирките на релација Скопје - Софија. Историските спорови помеѓу двете земји, кои резултираа со вето за европската интеграција на Северна Македонија, се прелеаја и во меѓусебни обвинувања во земјата - „трн в око“ повторно се двојните државјанства, објави dw.com.
На Фејсбук, врие од огласи.
Надлежните институции, иако се свесни за оваа масовна појава, велат дека се немоќни да преземат што било. Целата постапка за издавањето на документите се одвива во соседната земја, каде немаат никакви ингеренции да интервенираат. Софија е таа којашто одлучува на кого ќе му даде државјанство, а изборот е личен - секој граѓанин сам одлучува дали да побара двојно државјанство.
Текстот во целост на: dw.com.