„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

И покрај загубите на Македонска пошта, менаџерите си се осигурале!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
posta.jpg

Во услови кога Македонската пошта  тоне во загуби тешки повеќе од 10 милиони евра, се трошат пари на договори за менаџерско осигурување, утврдиле од Државниот завод за ревизија. Во објавениот извештај за Поштата тие откриваат дека од 2012 година па до 2018 година, ова јавно претпријатие наталожило 594 милиони денари загуба, или околу 10 милиони евра, а само во 2018 година загубата изнесувала 166 милиони денари.И покрај ваквата состојба била донесена одлука за склучување договори за менаџерско осигурување, со што практично се наградени тие што ја довеле во ваква лоша финансиска состојба, објави nezavisen.mk.

— реклама —

„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската сосотојба на друштвото е значитено влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, надзорниот одбор одобрил склучување договори и полиси за осигурување за периодор од 1.4.2018 до 1.4.2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,7 милиони денари, која е платена“, пишува во извештајот.

Извор:  nezavisen.mk.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања