Владимир Василески Четкар и продукцијата „Digital Box“ го објавија својот најнов музички спот за композицијата „I Remember“ која беше дел од вториот студиски албум.
„I Remember“ е песна за љубовта, на животните патешествија и авантури. Спомени кои на сите нас секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија веќе скоро година дена.
Инаку според последниот извештај на фондацијата BMI (Broadcast Music Incorporated) во последните 4 месеци авторската музика на Владимир Четкар се емитувала во радискиот етер во 10 земји надвор од Македонија и тоа во: Јапонија, Унгарија, Италија, Тајланд, Израел, Англија, Белгија, Холандија, Србија и САД.
Во продолжение проследете го спотот за песната „I Remember“.