Во трката за прв човек на Скопје влегува и Скендер Реџепи од Народното движење. Веста ја објави Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека Реџепи претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.
-„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.

Противкандидатите на Скендер Реџепи веќе се познати, ВМРО оди со Орце Ѓорѓиевски, додека опозициската СДСМ се одлучи за Каја Шукова.
За градоначалници гласаме на 19. октомври.
фото: ФБ