Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

И советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје: Oсуда на ксенофобичниот напад на туристите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје најостро го осудува ксенофобичниот и расистички напад кон туристите кои се случи во центарот на градот. Тоа не е сликата за градот на солидарноста Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Политиката на поделби и омраза креирана и практикувана од власта резултира со агресивност, омраза и создавање на лоша слика за Република Македонија и главниот град.

Станавме место каде антисемитизмот останува неосуден од власта, ксенофобијата е последица на поделбите, говорот на омраза средство за комуникација.

— реклама —

Оттука лицемерно е кога Шилегов чиј вокабулар изобилува со навреди и непочитување кон соговорникот и вербални испади  ќе се прикажува за душегрижник и поборник на солидарноста, кога всушност е поттикнувач на поделбите.

Бараме институциите да реагираат и го осудат говорот на омраза и политиката на поделби, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања