„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

И во Охрид ќе биде поставена монтажна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема, се зголемуваат капацитетите за пациенти со КОВИД 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-ohrid

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.

— реклама —

На состанокот беа донесени следните заклучоци:

-Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина Охрид ќе спроведуваат заеднички и координирани контроли и ќе вршат инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“;

— реклама —

-Поради најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, на кои се очекува да присуствуваат голем број на посетители, Кризниот штаб на Општина Охрид упатува препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните, доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на „Протоколот за начинот и условите за организација на настани“, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. Исто така, се упатува препорака и до сопствениците на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на музички настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол;

-Во тек се активности во делот на зголемување на капацитетите на Општата Болница во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“. Според најавите, ќе биде поставена монтажна модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Во текот на наредниот период, службите на Општина Охрид ќе започнат со подготвителни градежни активности во кругот на болницата. Ќе се работи на тампонирање на просторот каде што ќе бидат поставени објектите и ќе се врши асфалтирање на дел од улиците во болничкиот комплекс;

-Поради зголемениот број на туристи во градот, Општина Охрид деновиве ќе спроведе Кампања за подигување на јавната свест во делот на почитување на мерките за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“, која ќе се одвива на повеќе јавни локации и на социјалните мрежи;

-Се упатува препорака до трговците, угостителите, хотелските и сместувачките капацитети да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на наредниот период;

– Се упатува препорака до жителите на Охрид и туристите кои во моментот престојуваат во градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“: да се носат заштитни маски; да се одржува потребна дистанца и да се одржува лична хигиена според препораките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања