Илон Маск и пејачката Грајмс го добиле второто дете, објави „Индипендет“. Бебето е родено преку сурогат мајка, девојче крстено Exa Dark Sideræl, а нејзиниот прекеар е Y. Во интервјуто за „Венити фер“, канадската пејачка, чие вистинско има е Клер Бушер, рече дека ќерката се родила во декември.
„Y се придружи на семејството во декември“, вели Грајмс. И додаде за Илон Маск : „Би можела да го наречам момче, но ние сме доста отворени и често раскинуваме“.