Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Идната недела, јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, соопшти Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Предлог законското решение кое ја уредува конфискацијата на имот, чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори, а не е опфатен со конфискација во кривична постапка или со оданочување на имот во даночна управна постапка, веќе е поставено на ЕНЕР и е достапно за коментари. Заради транспаретност на процесот на донесување на овој закон и подобрување на текстот преку отворена дебата, идната недела ќе се одржи јавна расправа на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопштија владините служби.

— реклама —

Со донесување на ефективен и применлив Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, како што е појаснето, се заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува располагање со имот, за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а со тоа се превенираат кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција.

— реклама —

„Поаѓајќи од ставот дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, работната група со која претседава заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, го подготви предлог законот, кој ќе претставува дополнителна и ефективна алатка во борбата со корупцијата. Претходно, во соработка со Советот на Европа, Кабинетот за политики за добро владеење изработи нацрт текст заснован на физибилити студија и анализа на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи“, се посочува во владиното соопштение.

— реклама —

Јавната расправа за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе се одржи на 24 ноември 2023 година во Клубот на пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања