Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Иднината на Адеми во Врховен ќе се знае денеска - пропадна обидот за одложување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ademi-t1345

Адвокатката Тања Чачарова – Илиевска член на Судскиот совет бараше да не се гласа за точката за разрешување на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, оти според неа недостасувале информации. Бараше да се дополни извештајот со информациите – дали Беса Адеми оправдано отсуствувала од седниците и на колку седници, како и дали навреме била поканета да дојде на седници.

За да се врати на доработка, немаше мнозинство гласови.

— реклама —

„Извештајот за констатирана состојба не се враќа на доработка“, констатираше Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет.

— реклама —

На ваквиот предлог се противеа неколку членови на Судски совет, меѓу кои, Павлина Црвековска, која кажа: „Досега не се случило да вратиме извештај на доработка“.

— реклама —

Бидејќи дискусијата за извештајот да се врати на доработка траеше долго, Чачарова-Илиевска бараше пократки дискусии и гласање.

„Не знам што имате желба сите да кажувате беспотребно по нешто. Дајте гласајте, се усвои - не се усвои. Одлучете“, врати Чачарова-Илиевска.

По ова, беше продолжено со дискусија за предлог за разрешување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања