Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска после 18 часот започна со промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош. Возењето со неговиот тркачки автомобил е во чест на сите здравствени работници и полицајци.
„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака денес ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот, напиша на својот Фб профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерот во својата објава додаде:
Во изминатиот период полициските службеници покажаа високо ниво на професионалост, одговорност, но и подготвеност да се справат со сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи покажа високо ниво на организираност и е столбот кој ја обезбедува здравствената сигурност на граѓаните.
На барање на организаторите Министерството за внатрешни работи со своите ресурси даде поддршка на овој настан и со тоа уште еднаш искажуваме голема благодарноста за придонесот кон секој оној кој безпоштедно даваше се од себе во оваа борба.
На денешниот настан упатив благодарност до Idze за овој гест кој е уште една потврда дека тој е спортист кој го сака својот народ и својата држава. Заеднички посакавме оваа состојба да заврши што поскоро и улиците повторно да бидат полни со луѓе, напиша Чулев на ФБ.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/pcb.161672838692852/161672318692904/?type=3&theater
фото: ФБ Наќе Чулев