Промени тема
Контакт

Тенисерка жестоко одговори на организаторите во Дубаи: „Не сме робови“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ
фото: unsplash

Полската тенисерка Ига Швјонтек остро реагираше на критиките од директорот на турнирот во Дубаи, кој ѝ забележа што се повлекла непосредно пред почетокот на натпреварувањето.

Директорот на турнирот, Салах Талак, претходно ги критикуваше Швјонтек и Арина Сабаленка поради откажувањето на настапот во Обединетите Арапски Емирати и побара построги мерки за доцни повлекувања, вклучително и одземање поени.

— реклама —

„Ако не сме подготвени или не чувствуваме дека е вистинско време да играме, па не сме ние робови?“, изјави Швјонтек.

Таа рече дека не слушнала за можните казни, но оцени дека таквата идеја е „малку смешна“.

— реклама —

„Имаме право да се повлечеме кога сакаме. Искрено, не гледам проблем. Ако не сме подготвени или не чувствуваме дека е вистинско време да играме на турнир. Добиваме нула поени. Тоа веќе е казна“, порача полската тенисерка.

— реклама —

Швјонтек на стартот на Ролан Гарос ќе игра против Емерсон Џонс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања